Со оглед на тоа дека вознемирувањето има повеќе облици и форми, тоа може да биде пријавено како повеќе различни кривични дела.
Секусалното вознемирување е препознаено во македонскиот кривичен закон како полово вознемирување; во согласност со член 190-а, окарактеризирано е како кривично дело сторено од секој кој „со вербално, невербално или физичко дејство, како и преку користење електронски средства за комуникација кое имаат директно или индиректно, реално или симболично значење на наведување, непристојна понуда, намамување, изразување сексуална страст или друго дејство кое јасно потсетува на сексуален однос или други со него изедначени сексуални дејства, и со тоа ќе го повреди неговото достоинство, предизвикувајќи чувство на непријатност, навреденост, понижување или страв“ и за него е предвидено парична казна или затвор до една година. Во случај на полово вознемирување, пријавете го случајот кај полицијата и кај јавниот обвинител на понатамошна постапка. Исто така, постојат различи граѓански организации кои овозможуваат поддршка и помош на жртвите, а некои од нив се регистрирани и за давање бесплатна правна помош.
Доколку вознемирувањето се случува онлајн, алармирајте го и секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи преку [email protected]
СОВЕТ: Поднесете пријава до полицијата и до надлежниот јавен обвинител. Судовите се клучната компонента кога станува збор за заштита од вознемирување.
Загрозувањето на сигурноста, што е една од многуте последици од вознемирувањето, според чл. 144 од Кривичниот законик, дава уште една правна основа за заштита. Во овој случај, јавните обвинители и полицијата имаат мандат да следат, да истражуваат и да бидат одговорни за давање заштита.
СОВЕТ: Објаснете детално како, зошто и кога се чувствувате небезбедно и детално објаснете зошто сте загрижени за безбедноста на вашето семејство и најблиските. Овие податоци би можеле да бидат клучни за успех во судските постапки.
Лозинка
Автентикација
Резервен профил
Дигитална хигиена
Телефон/таблет
Енкрипција
Малвер
Локација
Пријава на платформата
Блокирање на корисникот
Безбедност
Поддршка
Сексуално вознемирување
Компјутер/лаптоп
Кривична пријава