Искање


Означено з Клауд x Апликации x Media x Safety x

Енкриптирање на дисковите

Енкриптирањето е процес на заштита на податоците со користење сложена шифра, нејзино мешање (scrambling) за да може да ѝ се пристапи (да се дешифрира) само со лозинка или клуч, што понекогаш бара дополнителен фактор за автентикација, на пр. дигитален сертификат. Енкриптирањето хард дискови и уреди кои можат да се отстрануваат, како што се USB-дискови, е нешто што особено им се препорачува на оние лица кои работат со доверливи информации, пред сè, на новинари и на активисти за човекови права.

VeraCrypt е мултиплатформски (Windows, Linux, MacOS X) бесплатен софтвер со отворен код, којшто е наменет за енкриптирање дискови и којшто има напредни можности. Може да се користи за енкриптирање само на некои датотеки, на цели партиции на хард диск, на отстранливи дискови, како и на партиција или диск каде што е инсталиран Windows ( автентикација пред подигнување (pre-boot) на системот).

Cryptomator

ви овозможува енкриптирање на датотеките кои ги чувате во облак (cloud) за сервиси како што се Dropbox или Google Drive. Датотеките се енкриптираат во безбеден сеф (vault), којшто потоа се складира на облакот кај давателите на услугата, кои самите не можат да пристапат до податоците. Cryptomator има отворен код и е достапен за Windows, Linux, MacOS X, како и за мобилни платформи (iOS, Android).

Дигитална хигиена Апликации Енкрипција Протекување на податоци Клауд

Центар за податоци и Cloud

Децентрализацијата на еден систем, како мерка за негова физичка заштита, е дефинирана како клучен услов за да се овозможи неговата безбедност. Се препорачува податоците да не се чуваат на истата машина од која се испраќаат во мрежата или на која се обработуваат. Постојат неколку начини за чување големи количини податоци. Наједноставниот начин е да ги чувате на надворешен хард диск. Надворешните хард дискови со релативно добри перформанси се лесно достапни, но овој вид на компјутерски хардвер нема вграден механизам за правење дупла копија. Ова значи дека, во случај на дефект, повеќето од податоците на тој диск ќе бидат засекогаш уништени. Од друга страна, надворешните дискови немаат директен пристап до интернет и се активни само кога се поврзани на компјутер, па за нив може да се каже дека се релативно безбедни. Чувањето податоци на надворешни хард дискови значи дека податоците остануваат во објектот каде што се наоѓа централата или генералната дирекција на организацијата.

Од перспектива на можен ризик од загуба на податоци, изнајмувањето простор за чување податоци на сервер што е во облак е многу подобар начин за чување на важните податоци. Клауд компјутинг е интернет-технологија која овозможува користење ресурси од далечина (тука се мисли на проток на податоци, простор за складирање и чување, работна меморија итн.) и нивна размена помеѓу повеќе апликации и корисници. Облакот може да биде приватен, јавен или од хибриден вид. Клауд (облак) услугите користат RAID технологија (Redundant Array of Independent Disks), која е базирана врз моделот на компаративна употреба на повеќе дискови за чување податоци, каде што секој податок се наоѓа на најмалку две локации, со што значително се намалува ризикот во случај на дефект. Некои од решенијата за чување податоци во облак сеGoogle Drive,Dropbox,OneDrive,SpiderOak,Tresorit, итн. Меѓутоа, ако станува збор за чувствителни податоци, не се препорачува складирање на податоците на туѓи уреди, и покрај фактот што сите ’облак‘ услуги подразбираат енкриптирање на податоците.

Трет начин за чување податоци е да формирате ваш сопствен мини центар за податоци во којшто ќе се складираат сите податоци кои ѝ се важни на организацијата. Опремата за оваа намена ќе зависи од потребите. Постојат голем број готови решенија кои се поевтини и кои можат трајно да го решат ова прашање. Во таа смисла, податоците ќе останат во физичките простории на организацијата, а примената на технологијата RAID ќе го намали ризикот од нивна загуба и кражба. Едно од готовите решенија за центар за податоци е Drobo.

Сервер Апликации Клауд