Искање


Означено з Притисок x Репутација x Location x Digital evidence x Computer/Laptop x

ГОВОР НА ОМРАЗА

Вербалните напади врз основа на расната, верската и етничката припадност, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, или врз основа на политичката и синдикалната припадност, или врз основа на други идентитети или карактеристики како што се возраста или економската положба, може да ги опишеме како говор на омраза.

Во законска смисла, за да имаме говор на омраза, неопходно е да се докаже дека таквиот говор е насочен кон одредени заштитени групи или идентитети. Меѓутоа, на интернет, говорот на омраза оди подалеку од овие заштитени категории и таргетира поголем број групи или идентитети во исто време, со што се зголемува влијанието врз групите кои се веќе маргинализирани. Од тие причини, неопходен е меѓусекторски пристап којшто ќе овозможи разбирање на структурните и сеопфатните влијанија што ги има говорот на омраза.

Сите новинари и медиумски работници можат да пријават насилство до телата за саморегулација како што е официјалното Здружение на новинари, кое води и регистар на напади од ваков карактер, или до Советот за етика во медиумите , којшто овозможува поддршка за своите членови во согласност со својот Статут. Изминатата година Здружението потпиша меморандум за соработка и со Народниот правобранител, по добивањето релевантна пресуда од Европскиот суд за човекови права во врска со отстранувањето на новинарите на 24.12.2012 од Собранието. Тука е и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), којшто реагира на евентуални злоупотреби или на попречување во работата на медиумите.

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) најави дека ќе бара од Фејсбук да се избришат лажните профили на мрежата кои шират говор на омраза и верска нетрпеливост, и повикуваат на протести и насилство. Оваа реакција на ДЗЛП следеше по најавените протести на муслиманските верници против апсењето на осомничените, претставени како радикални исламисти, за петтократното убиство во скопско Смилковци. ДЗЛП побара од корисниците да се однесуваат соодветно на друштвените мрежи.

Некои луѓе кои биле цел на насилство преку интернет, наместо да го намалат своето учество на интернет, уште поинтензивно реагираат и уште повеќе се ангажираат. Отвореното зборување за искуството од тоа да се биде предмет на злоупотреба на интернет (покрај користењето институционални или алтернативни механизми за заштита), може да биде корисно од неколку причини. Именувањето и посрамувањето на вашиот насилник и неговото разобличување пред јавноста, исто така, може да биде механизам за заштита, што ќе ви помогне да си го вратите чувството на контрола, ќе ви даде можност да им помогнете на други луѓе со слично искуство и да ја подигнете јавната свест во врска со дигиталното насилство. Како што пошироката јавност ќе го осознава обемот и опсегот на злоупотреба на интернет, таа ќе ги препознае нејзините негативни ефекти врз општеството и, се надеваме, ќе побара одговор од државните органи. Ако се одлучите за ваков пристап, обидете се да го ставите акцентот врз споделување на вашите искуства и на влијанието кое насилството го имало врз вас лично и врз заедницата.

Репутација Поддршка Новинар/ка Притисок Иновативна стратегија Здруженија

ЛАЖНИ ОБВИНУВАЊА

Поради постоењето на структурна нееднаквост на моќта, лажните обвинувања, дури и ако се докаже дека се лажни, имаат потенцијал да му нанесат сериозна и трајна штета на угледот на оној кој е предмет на обвинувања.

Лажните обвинувања може да се гледаат како форма на притисок врз нечија слобода на изразување, но доколку обвинувањата се намерно оркестрирани и постојано присутни, тие исто така може да го нарушат и јавното мислење и дискусијата во јавноста, истовремено стигматизирајќи и замолчувајќи ја жртвата на лажни обвинувања.

Репутација Тактика Новинар/ка Притисок