МАНИПУЛАЦИЈА НА ВИДЕОСНИМКИ СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (DEEP FAKES)
Станува збор за мошне реалистична видео или аудиосодржина манипулирана со софтвер и која лажно прикажува однесување или зборување на лицето кое е цел на манипулација, со намера да се нарушат неговиот углед и достоинството.
Вештачката интелигенција сè уште не е правно регулирана кај нас, но доколку постои опција да се докаже атрибуција, односно креирањето на содржината да се припише на определена личност, ќе се применуваат одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета на идентичен начин.
Имате можност да барате отштета преку граѓанско-правни процедури доколку тоа манипулирано видео или фотографија ви предизвикува штета, или е направено за цели на клеветење, или резултирало со загуба на финансиски средства (на пример, ако вашите биометриски податоци или гласот се манипулирани со цел за измама).
Ако сте претрпеле финансиска загуба поради ваква лажна манипулација со фотографија или видео, може да ги искористите граѓанските правни процедури за да барате надомест за тие загуби. Во случај да е направен прекршок од поголем обем или да е предизвикана друга форма на нематеријална штета (на пример, штета врз угледот или психолошка штета), вие можете да отпочнете граѓанска постапка за да добиете компензација.
Овој вид содржина е толку подмолен што е тешко да се идентификува (
директорот на Фејсбуке еден таков пример). Некои од јасните знаци на ваков фалсификат се механички/неприродни движења, статична положба на очите (без трепкање) и неконзистентно движење на усните додека се зборува. Ризикот од тоа да бидете цел на ваков вид содржина се намалува колку што сте посвесни за вашиот дигитален отпечаток и доколку го ограничите циркулирањето на вашите биометриски податоци, како што се фотографии, видео и аудиоснимки.
Оштетување Пријава на платформата Репутација