Сервер за електронска пошта
Е-поштата се смета за чувствителен вид податоци во секоја организација. Од безбедносни причини, секоја организација треба да има посебен сервер што ќе се користи само за е-пошта. На овој начин се овозможува заштитува од напади и од други злонамерни активности.
Покрај содржината на е-поштата, уште едни податоци кои се важни а се дел од секојдневната комуникација се таканаречените метаподатоци – тоа се информации кои се генерираат и се разменуваат од софтвер и од уреди што се користат за испраќање и за примање пораки. Ако ги прашате напаѓачите, за нив метаподатоците најчесто се многу поважни од содржината на самиот текст во електронската пошта, бидејќи содржат точни информации за дигиталниот контекст на комуникацијата. Метаподатоците се чуваат на серверот за електронска пошта, така што нивната заштита е специфична. Главен чекор тука е да се блокираат сите протоколи (на пример, FTP или HTTP) кои на серверот не му се потребни за да ја извршува својата примарна функција, односно примањето и испраќањето електронски пораки. Посебен сервер исто така може и да се изнајми во рамките на хостинг пакет или други услуги, или, пак, организацијата може да купи сервер што има специјален софтвер. Пример за таков софтвер еiRedMail.
Освен тоа,
непрофитните организации може да користат G Suite, односно пакетот за продуктивност на Google којшто вклучува неколку популарни алатки и производи како што се Gmail, Google Drive, Google Calendar итн. Сепак, треба да се напомене дека деловниот модел на Google се заснова врз профилирање на корисниците и анализа на личните податоци што ги собира од оние кои ги користат неговите услуги.
Сервер Протекување на податоци Клауд