Искање


Означено з Сервер x Дигитални докази x Pornografi x Reputation x Harassment x Journalists x Identity x

Список грешки на серверот

Кога вашата веб-страница не е во функција или некои од нејзините страници се недостапни, можно е да видите разни видови пораки за грешки . Шифрите за грешки се во вид на конкретен број и нивниот вид може да се одреди врз основа на првата цифра, и тоа: 1xx: информативна, 2xx: успешна, 3xx: пренасочување, 4xx: грешка со клиентот, 5xx: грешка со серверот.

Грешките со клиентот (400-499) и со серверот (500-599) се мошне вообичаени и кога ќе ги решавате, водете сметка дека, откако ќе направите промени на серверот, треба повторно да ја вчитате/да ја освежите (refresh) страницата во прелистувачот (browser), како и да ги проверите логовите што се евидентирани на серверот за да добиете повеќе информации доколку проблемот е и понатаму присутен.

Digital Ocean има подготвено листа на вообичаени грешки кај видовите клиенти и сервери, кои се причините за тие грешки, како и детални објаснувања за начинот на којшто може да се реши секоја од нив.

Грешка Сервер Дигитални докази Сајт

Побарајте логови (logs) на серверот

За да го определите потенцијалниот извор на проблеми со вашата веб-страница, од големо значење може да биде разгледувањето на логовите на серверот. Логовите на серверот се текстуални документи кои ни даваат разни информации за сите активности на серверот. На пример, можете да ги видите IP-адресите и идентитетот на уредите кои испраќаат барање до серверот, времето и датумот на барањето итн., и сето тоа може да биде од клучно значење кога работиме врз ублажување на определен сајберинцидент.

Од администраторот на вашиот систем може, исто така, да побарате и логови за серверот кои се однесуваат на определен временски период, или тоа да го направите преку техничката поддршка.

Грешка Сервер Дигитални докази Сајт IP адреса Хостинг

Поднесете пријава до надлежните органи


Откако ќе ги имате логовите од вашиот сервер од кои може да се види дека вашата веб-локација била цел на сајберинцидент, на пр. неовластен пристап, пријавете го случајот кај надлежните органи – полицијата и јавниот обвинител. Дури и во случај да ги немате логовите, а се сомневате на злоупотреба, пријавете го случајот и побарајте понатамошни насоки од полицијата.

Кривичната пријава

се поднесува до надлежниот јавен обвинител, писмено или усно, телефонски, по електронски пат или со употреба на други технички средства и начини. Ако пријавата е поднесена преку електронски уред, се обезбедува нејзин електронски запис и се составува службена белешка. Ако кривичната пријава се поднесува усно, пријавувачот ќе се предупреди за последиците од лажно пријавување. За усната пријава ќе се состави записник, а ако кривичната пријава е соопштена по телефон, ќе се состави службена белешка. Ако кривичната пријава е поднесена до полицијата, до судот или до ненадлежен јавен обвинител, тие ќе ја примат пријавата и веднаш ќе ја достават до надлежниот јавен обвинител. По приемот на кривичната пријава или по добиеното известување од полицијата, со постапката раководи јавниот обвинител. Јавниот обвинител, самиот или преку правосудната полиција, односно преку други лица вработени во истражните центри на јавното обвинителство, ќе ги собере известувањата потребни за одлучување по кривичната пријава, а по потреба тоа ќе го стори и преку полицијата или другите органи надлежни за откривање.

Сервер Дигитални докази Сајт Сајбер криминал Кривична пријава