Искање


Означено з Апликации x Компјутер/лаптоп x Provokacija x Apps x

Пристапете до доверлив (trusted) уред

Вклучувањето начин на автентикација во 2 чекори кај сите ваши сметки е безбедносна практика што е суштински важна. Меѓутоа, ако методот за потврда што сте го нагодиле (телефонски број, апликација) не функционира или е променет, ќе треба да се обидете да ѝ пристапите на сметката од доверлив уред. Голем број даватели на услуги нудат опција (обично тоа е само поле кое се штиклира на страница на која има 2 чекори) да се означи некој уред како доверлив за да не мора да внесувате безбедносни кодови во 2 чекори секојпат кога ќе се најавувате на него, како што е, на пример, вашиот домашен компјутер.

Водете сметка дека како доверливи се означени само оние лични уреди (како што се компјутери, таблети, телефони) што редовно ги користите. Никогаш не користете ја оваа функција на уреди кои се туѓи или јавно достапни.

Автентикација Дигитална хигиена Телефон/таблет Апликации Компјутер/лаптоп

Променете ги сите лозинки

Ако се сомневате дека уредот ви е украден, како мерка на претпазливост добро е да ги промените сите лозинки на вашите сметки кои се веќе најавени. Исто така, препорачливо е да користите доверлив уред за да се одјавите од сите сесии што се активни на уредот којшто е загубен или украден.

Менувањето на сите ваши лозинки е многу полесно и побезбедно со помош на специјализирани апликации наречени менаџери за лозинки. Овие апликации безбедно ги чуваат вашите податоци со кои се најавувате и ги штитат со главна лозинка. На тој начин, само треба да ја запомниме главната лозинка и директно од апликацијата ќе можеме да правиме копирај/залепи на сите други лозинки за најава. Софтверот за управување со лозинките обично има опција автоматски да генерира долга и сложена лозинка, составена од знаци и симболи избрани по случаен избор. Апликации кои вообичаено се користат за управување со лозинки се

KeePass

,

KeePassXC

и

Bitwarden

.

Лозинка Дигитална хигиена Телефон/таблет Апликации Локација Компјутер/лаптоп

Користете шифрирана (енкриптирана) гласовна комуникација

Енкрипцијата претставува криптографски концепт на шифрирање пораки или информации, којшто гарантира дека пораките ќе ги прочитаат само оние лица кои имаат начин да ги дешифрираат.

Гласовните комуникации е многу лесно да бидат следени и пресретнати. Постојат апликации кои овозможуваат шифрирана комуникација за гласовни повици, текстуални пораки, групна комуникација, фотографии и видеозаписи. Една ваква апликација е

Signal

, којa е со отворен код, управуванa од непрофитна организација и целосно финансирана со донации, што ѝ овозможува да работи без да има потреба да ги монетизира податоците на своите корисници.

Telegram

e апликација која исто така има опција за

шифрирани аудио ивидеоповици

и дефинитивно е една од најпопуларните услуги за безбедна комуникација.

Телефон/таблет Апликации Енкрипција Компјутер/лаптоп

Користете шифрирани пораки

Пораките главно се користат за неформална и лична комуникација и преку нив често се разменуваат доверливи информации кои се однесуваат на корисници, а кои не треба да им бидат достапни на трети страни. Постојат апликации што овозможуваат шифрирана комуникација преку услугите за чет (муабетење).

СМС-комуникацијата е слична на ‘чет’ комуникацијата. Единствената разлика е во тоа што како медиум за пренос на податоци во ‘чет’ комуникацијата се користи интернетот, додека стандардната мрежа на мобилна телефонија (GSM, 2G, 3G, 4G итн.) се користи за СМС-пораки. Важно е да се нагласи дека двете страни мора да користат шифрирање за да се овозможи безбедност на системот. Бесплатна апликација за разговор (chat) која има отворен код и која како стандард нуди енкриптирање од едниот до другиот крај е

Сигнал

. Достапен е за iOS и Android, а постои и како апликација на десктоп. Овозможува широк спектар од опции за безбедност, како што се пораки кои сами се уништуваат, заштита со PIN или енкриптирани видеоповици. Можете да користите и

Telegram

, каде што треба да се овозможи опцијата за

Тајни разговори

(Secret chats) за да има енкриптирање открај-докрај.

Телефон/таблет Апликации Енкрипција Компјутер/лаптоп

Користете шифрирана (енкриптирана) е-пошта

И покрај развојот на современи начини на комуникација, е-поштата и понатаму е едно од најчесто користените решенија во официјалната комуникација преку интернет. Од тие причини, преку е-пошта и понатаму се пренесуваат голем број важни и чувствителни информации. Од друга страна, технологијата која ја овозможува е-поштата не е целосно безбедна. Таа има многу безбедносни пропусти а корисниците немаат контрола врз тоа кој може да пристапи до метаподатоците и до содржината на нивната комуникација во е-поштата, особено кога користат услуги за е-пошта како што се Gmail, Outlook.com, Yahoo Mail итн.

Е-поштата може да се енкриптира со користењена PGP (Pretty Good Privacy - прилично добра приватност ), кој се заснова врзкриптографија со јавен клуч. Вие треба да генерирате пар клучеви (едниот е јавен клуч што го споделувате со другите, а вториот е приватен клуч што го чувате во тајност), за да можете да разменувате енкриптирана е-пошта со соговорниците.

Ако користите давател на услуги за е-пошта како што е Gmail или Outlook, можете да ја енкриптирате комуникацијата со користење на програмата Thunderbird , која е клиент за е-пошта со отворен код и со вградени можности заOpenPGP, или со користење екстензија за прелистувач наречена Mailvelope и која работи со популарните сервиси за веб-пошта. Со користење на овие алатки, можете лесно да генерирате пар клучеви кои се користат за шифрирање на вашата е-пошта или да импортирате постоечки клучеви.

Сепак, постојат даватели на услуги за е-пошта, како на пример

ProtonMail

или Tutanota, кои автоматски ги енкриптираат вашите пораки кога тие се испраќаат помеѓу корисниците, а исто така овозможуваат и начини за испраќање енкриптирани е-пораки до оние што користат други даватели на услуги за е-пошта.

Телефон/таблет Апликации Енкрипција Компјутер/лаптоп