Искање


Означено з Јавен службеник x Πίεση x Κακόβουλο λογισμικό x Διεύθυνση IP x Εφαρμογές x Υποστήριξη x �������������� x

КЛЕВЕТЕЊЕ И ПОНИЖУВАЊЕ

Под клеветење и понижување се подразбира секое вулгарно изразување, пцовки и употреба на тон што значи непочитување на личното достоинство, угледот и/или положбата во општеството. Може да се користат и слики, видеа, мемиња и гифови за да се предизвика понижување или посрамотување.

Секој човек има различни нивоа на толеранција, па затоа границата помеѓу клеветата и критиката честопати е недоволно јасна. Јавните личности, особено политичарите кои ја претставуваат пошироката јавност, мора да покажат повисоко ниво на толеранција кон критиката. Од друга страна, новинарите и оние кои се застапуваат за човековите права имаат поширок праг на толеранција во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права и со праксата на Европскиот суд за човекови права.

Новинарките, активистките и политичарките е поверојатно дека ќе бидат цел на клевета и понижување отколку нивните машки колеги. Навредата по основа на родовата припадност и на родовиот идентитет е механизам што се користи за замолчување и е препознаен како форма на родово базирано насилство и, како таков, е јавно осуден. https://twitter.com/UNESCO/status/1140888153928196096

Посебна заштита и препознавање на родово базираното насилство се овозможува преку ратификацијата на Истанбулската конвенција, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Доколку сте цел на некаков вид дигитално насилство, ве повикуваме да побарате помош од оние кои ве разбираат вас и вашите чувства и од институциите. Оддалечете се некое време од оние места каде што го доживувате вознемирувањето и замолете ги луѓето на кои им верувате да ги проверат вашите сметки, е-поштата и да ве информираат за тоа каква е сега состојбата со нападот или да ви помогнат да ја документирате злоупотребата.

Дигитални докази Репутација Тактика Поддршка Новинар/ка Јавен службеник

ПРИТИСОК ВРЗ СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Речиси е невозможно на една целосна листа да се наведат начините на кои некој може да изврши притисок и да ја загрози слободата на изразување. Оние кои биле цел на притисок или злоупотреба преку интернет дефинитивно ќе ги почувствуваат последиците од тоа.

Кога станува збор за пошироката јавност, овие закани можеме да ги видиме буквално насекаде – почнувајќи од низите со коментари, па до социјалните мрежи, зголемување на говорот на омраза и намерно клеветење. Речиси е невозможно правно да се дефинира „притисокот“ што се перципира, бидејќи тој ретко го исполнува законскиот праг, но кога негова цел се новинари и активисти, тогаш предизвикува сериозни нарушувања во и врз јавната дебата и при донесувањето одлуки.

Кога овој вид на притисок потекнува од горе – доаѓа директно од јавни личности, политичари или од други лица кои имаат власт (работодавачи, уредници на медиуми), тој може да има повеќекратно влијание врз неговото ширење и врз целта. Дури и ако се сфати како една форма на микроагресија, долгорочните последици тешко се спречуваат, не само за жртвата на таквиот притисок, туку и за пошироката јавност и за екосистемот на медиумите.

Некои луѓе кои биле цел на насилство преку интернет, наместо да го намалат своето учество на интернет, тие уште поинтензивно реагираат и уште повеќе се ангажираат. Отвореното зборување за искуството од тоа да се биде предмет на злоупотреба на интернет (покрај користењето институционални или алтернативни механизми за заштита), може да биде корисно од неколку причини. Именувањето и посрамувањето на вашиот насилник и неговото разобличување пред јавноста, исто така, може да биде механизам за заштита, којшто ќе ви помогне да си го вратите чувството на контрола, ќе ви даде можност да им помогнете на други луѓе со слично искуство и да ја подигнете јавната свест во врска со дигиталното насилство. Како што пошироката јавност ќе го осознава обемот и опсегот на злоупотреба на интернет, таа ќе ги препознае нејзините негативни ефекти врз општеството и, се надеваме, ќе побара одговор од државните органи. Ако се одлучите за ваков пристап, обидете се да го ставите акцентот врз споделување на вашите искуства и на влијанието кое насилството го имало врз вас лично и врз заедницата.

За време на пандемијата со КОВИД-19, критичкото известување во врска со работата на владите и на здравствените услуги стана уште поважно за јавноста и, во многу случаи, попроблематично за оние влади во чиј интерес е потиснувањето информации. Овие методи на сузбивање беа толку еклатантни што, ако не постоеше вистинската опасност што тие ја претставуваат за јавниот интерес, ќе можеше дури да се сметаат и за смешни. https://balkaninsight.com/2020/07/03/pandemic-worsens-crisis-for-media-in-central-eastern-europe/

Здружението на новинари и јавното обвинителство во 2022 година назначија посебен јавен обвинител за предмети каде што како странки и оштетени се јавуваат новинари.

Со измените на Кривичниот закон изминатата година, конечно нападите врз новинари добија статус на напад врз службено лице, што беше долгогодишно залагање на фелата, а беа засебно инкриминирани и демнењето и сексуалното вознемирување.

Сите новинари и медиумски работници можат да пријават насилство до телата за саморегулација како што е официјалното Здружение на новинари, кое води и регистар на напади од ваков карактер, или до Советот за етика во медиумите , којшто овозможува поддршка за своите членови во согласност со својот Статут. Изминатата година Здружението потпиша меморандум за соработка и со Народниот правобранител, по добивањето релевантна пресуда од Европскиот суд за човекови права во врска со отстранувањето на новинарите на 24.12.2012 од Собранието. Тука е и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), којшто реагира на евентуални злоупотреби или на попречување во работата на медиумите.

Различни здруженија можат да дадат информации и совети за тоа како да се поднесат кривични пријави, да ве поучат за тоа како да се справите со вознемирувањето преку интернет и како да го надминете. Дури и ако одлучите да не го пријавите стореното дело во полиција, би било добро да ги информирате релевантните граѓански организации за инцидентот. Овие информации се корисни за нив бидејќи ќе можат да научат нешто повеќе во врска со насилството преку интернет и подоцна да ги користат тие податоци за цели на застапување и, идеално, за овозможување промена. Здруженијата често имаат ресурси и служби, вклучително и поддршка за менталното здравје или давање правни совети до кои, инаку, помалите медиумски организации или хонорарните новинари не можат лесно да имаат пристап. Неколку граѓански организации развија и своја експертиза по повеќегодишно работење на справување со насилството на интернет, и тие можат да дадат корисни информации и помош.

Голем број меѓународни организации ставија посебен акцент врз важноста на безбедноста на новинарите и на бранителите на човековите права, како и врз пречките со кои тие се соочуваат на тој пат: Совет на Европа/Платформа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите,мисијата на ОБСЕ во Белград,претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите,програмите на УНЕСКО за безбедност на новинарите. Во однос на случаите за кои не постои поддршка од државата, овие организации можат да го привлечат вниманието на конкретните случаи, да се залагаат за промени и да извршат притисок врз државните власти.

Некои организации овозможуваат и финансиска помош и/или правни услуги за новинарите кои се предмет на насилство, вклучувајќи ги тука Media Defence od Лондон или Free Press Unlimited со седиште во Амстердам (тие исто така нудат услуга за брз одговор ). Во ситуации кога обемот и интензитетот на насилството ја загрозуваат физичката безбедност, овие организации можат да обезбедат помош за преселување додека не дојде до смирување на ситуацијата.

Тактика Поддршка Новинар/ка Медиуми Јавен службеник Иновативна стратегија Здруженија