Искање


Означено з Јавно посрамотување x Javni uslužbenec x Združenja x Identitet x Reputation x Harassment x Journalists x

ТРОЛАЊЕ (TROLLING)

Тролањето во минатото е опишувано како нешто намерно, но во смисла на намера да се биде хумористичен или духовит. Во денешно време, овој термин се опишува како лошо и злонамерно исмејување, посрамотување и провоцирање.

„Фарми на тролови“ се феномен што датира од поново време. Во овие фарми се вклучени и луѓе и алгоритми, со цел активно да се влијае врз мислењето и донесувањето одлуки преку искривување на онлајн дискусиите и наративите. Иако фармите на тролови можеби нема директно да шират дезинформации и лажни вести, тие, всушност, го негуваат семето на недоверба и поделеност. Со оглед на важноста на интернетот во нашиот секојдневен живот, троловите можат суштински да влијаат врз општествени и политички процеси, како што е, на пример, изборниот процес.

Некои луѓе кои биле цел на насилство преку интернет, наместо да го намалат своето учество на интернет, тие уште поинтензивно реагираат и уште повеќе се ангажираат. Отвореното зборување за искуството од тоа да се биде предмет на злоупотреба на интернет (покрај користењето институционални или алтернативни механизми за заштита), може да биде корисно од неколку причини. Именувањето и посрамувањето на вашиот насилник и неговото разобличување пред јавноста, исто така, може да биде механизам за заштита, којшто ќе ви помогне да си го вратите чувството на контрола, ќе ви даде можност да им помогнете на други луѓе со слично искуство и да ја подигнете јавната свест во врска со дигиталното насилство. Како што пошироката јавност ќе го осознава обемот и опсегот на злоупотреба на интернет, таа ќе ги препознае нејзините негативни ефекти врз општеството и, се надеваме, ќе побара одговор од државните органи. Ако се одлучите за ваков пристап, обидете се да го ставите акцентот врз споделување на вашите искуства и на влијанието кое насилството го имало врз вас лично и врз заедницата.

Една позната новинарка успеа да воспостави комуникација со својот трол преку социјалните мрежи и се обиде и да го запознае. Таа подоцна направи серија приказни од овие разговори, што претставува креативен и храбар начин за спротивставување на вознемирувањето. Ова се некои корисни совети за тоа како да разговарате со вашите тролови, доколку се одлучитеда го следите ваквиот пристап.

Секогаш е можно да се идентификува лицето кое стои зад злоупотребата преку интернет. Редовното следење на злоупотребата помага и во документирањето на дигиталните траги што биле оставени од сторителите. Со користење на овие индиции и со помош на пријатели, експерти за дигитална безбедност, истражувачки новинари и малку среќа, можно е да се идентификуваат лицата или групите кои ја прават злоупотребата. Имаме одличен пример за тоа од Латинска Америка(Центар за истражувачко новинарство), каде што соработката доведе до откритие дека група политичари се одговорни за нападите преку интернет на целиот континент.

Тактика Медиуми Притисок Јавно посрамотување Иновативна стратегија Провокација