Искање


Означено з Медиуми x Новинар/ка x Репутација x Povraćaj naloga x Digital evidence x Journalists x

ВОСПАЛУВАЧКИ ГОВОР

Овој вид говор најчесто е присутен на интернет-форуми или во дискусиите во стилот на платформата Reddit. Воспалувачкиот говор се однесува на употреба на навредлив јазик, пцовки и други методи на провокација со цел да се предизвика реакција од жртвата или ангажирање со неа. Крајна цел е да се нанесе понижување, срам и да се уништи кредибилитетот на жртвата.

Има многу начини преку кои може да се изведе ваквиот вид напад, така што дефинирањето на неколку соодветни кривични дела може да се смета како механизам за заштита. ***

Во случај на воспалувачки говор којшто вклучува закани, заштита може да понуди член 144 од Кривичниот законик (Загрозувањето на сигурноста). Во овој случај, јавните обвинители и полицијата имаат мандат да следат, да истражуваат и да бидат одговорни за давање заштита. Како странка која поднесува, вие сте одговорни за собирање на доказите што се потребни за поднесување кривична пријава.

СОВЕТ: Објаснете детално како, зошто и кога се чувствувате небезбедно и детално објаснете зошто сте загрижени за безбедноста на вашето семејство и најблиските. Овие податоци би можеле да бидат клучни за успех во судски постапки.

Ако воспалувачкиот говор е навредлив и со непочитување, може да се поведе судска постапка преку приватна тужба, за која е потребно да се знае идентитетот на сторителот.

Воспалувачкиот говор често е придружен со голем обем анонимни пораки и коментари, што дополнително го отежнува процесот на барање правна заштита.

Приоритет број еден е вашата физичка безбедност! Водете сметка да бидете на безбедно место. Исклучете ги опциите за следење локација на вашите уреди, вклучително и Google Maps и други апликации.

Покрај документирањето на доказите, контактирајте со семејството, со пријателите и со партнерите за да добиете поддршка. Ако воспалувачкиот говор е поврзан со вашето работно место, разговарајте со колегите и со работодавачот за да добиете соодветна нивна реакција која најдобро би функционирала за вас.

Воспалувачкиот говор обично е проследен со голем обем на пораки и може да биде мошне интензивен, па затоа размислете да направите пауза од платформите или од веб-локациите каде што се случува злоупотребата.

Репутација Тактика Поддршка Новинар/ка Медиуми Кривична пријава