Искање


Означено з Протекување на податоци x Хостинг x �������������������� x ������������������������������������������ ������������������������������������������ x

Општи препораки за заштита на инфраструктурата

Ова се некои општи препораки за заштита на инфраструктурата:

  • Рутерите може да се нагодат така што ќе го одбиваат автоматското собирање информации за системот преку т.н. метод на отпечатоци (footprinting method). Овој метод подразбира правење скица на мрежата врз основа на отпечатоците што се генерираат со испраќање дигитални сигнали. Треба, исто така, да се посочи дека рутирањето на податоците се одвива според различни протоколи, бидејќи тие можат да бидат главен извор на информации за напаѓачите. Мапирањето на правците преку кои се пренесуваат податоците (tracerouting), откривањето на уредите кои се активни на мрежата (ping) и слични методи можат да му ја откријат на напаѓачот целата инфраструктура, односно тој да го знае бројот и видот на рутерите, компјутерите и начинот како се поврзани. Добрата пракса налага ICMP-барањата (ICMP requests) да бидат овозможени како опции на веб-серверот, а конфигурацијата на другите сервери и на интерната мрежа да биде поставена така што овие барања да се одбиваат;

  • Треба да се оневозможат протоколите на серверот кои не се неопходни. На пример, на серверот за електронска пошта може да се блокира буквално сè, освен протоколите што се користат за е-пошта (IMAP, POP, итн.), додека структурата на веб-серверите може да се нагоди така што пристапот е овозможен само до ресурси што се јавно достапни. Исто така, треба да се оневозможи и пристапот до други фолдери и датотеки, како и до администраторскиот дел на порталот, за да се избегне неовластен пристап и протекување податоци;

  • Затворете ги непотребните порти (ports) што ниту една апликација на серверот не ги користи, така што ќе направите соодветно нагодување на мрежните бариери (заштитен ѕид или firewall).

  • Се користат системи за откривање упад (intrusion detection) со кои се прави идентификација и отфрлање на сомнителниот сообраќај, а исто така се евидентираат и сите обиди за оставање отпечаток (footprinting);

  • Со користење сервиси кои овозможуваат анонимна регистрација, може да се сокријат информациите за тоа кој го регистрирал доменот. Притоа, треба да се има предвид дека угледот на една организација која има кредибилитет се гради токму преку транспарентност, и затоа оваа техника не се препорачува да се користи во секоја ситуација.

Сервер Протекување на податоци Хостинг Клауд