Заклучување и бришење од далечина
Ако учествувате на протест или друг настан со висок ризик, можно е вашите уреди, како што е мобилниот телефон, да бидат запленети од полицијата или од приватното обезбедување, па дури и да бидат украдени во толпата. Во тој случај, вашите приватни податоци стануваат изложени на сите можни ризици.
Телефоните Android, доколку ја имаат активирано опцијата ’Find My Device‘, ви овозможуваат далечински да ги заклучите со вашиот PIN, со шема (pattern) или со лозинка, или дури и да ги избришете сите податоци на телефонот. Google ви дава
дополнителни инструкцииза тоа како да овозможите безбедност кај украдени Android уреди. Мошне
слични опциипостојат и кај Apple за неговите iOS уреди, како што се iPhone или iPad.
Телефон/таблет Локација Компјутер/лаптоп