Воспалувачки говор

ВОСПАЛУВАЧКИ ГОВОР (FLAMING)

Овој вид говор најчесто е присутен на интернет-форуми или во дискусиите во стилот на платформата Reddit. Воспалувачкиот говор се однесува на употреба на навредлив јазик, пцовки и други методи на провокација со цел да се предизвика реакција од жртвата или ангажирање со неа. Крајната цел е да се нанесе понижување, срам и да се уништи кредибилитетот на жртвата.

Пред да биде препознаен како алатка за дигитално вознемирување и злоупотреба, воспалувачкиот говор беше нормализиран како составен дел од комуникацијата на интернет во рамките на затворени форуми и места за разговор.

Некои луѓе кои биле цел на насилство преку интернет, наместо да го намалат своето учество на интернет, решиле уште поинтензивно да реагираат и уште повеќе да се ангажираат. Отвореното зборување за искуството од тоа да се биде предмет на злоупотреба на интернет (покрај користењето институционални или алтернативни механизми за заштита), може да биде корисно од неколку причини. Именувањето и посрамувањето на вашиот насилник и неговото разобличување пред јавноста, исто така, може да биде механизам за заштита што ќе ви помогне да си го вратите чувството на контрола, ќе ви даде можност да им помогнете на други луѓе со слично искуство и да ја подигнете јавната свест во врска со дигиталното насилство. Како што пошироката јавност ќе го осознава обемот и опсегот на злоупотреба на интернет, таа ќе ги препознае нејзините негативни ефекти врз општеството и, се надеваме, ќе побара одговор од државните органи. Ако се одлучите за ваков пристап, обидете се да ставите акцент врз споделување на вашите искуства и на влијанието кое насилството го имало врз вас лично и врз заедницата.

Прочитајте повеќе за тоа како дискусиите преку интернет запаѓаат во опасен дискурс. https://www.lifewire.com/what-is-flaming-2483253

Можеби е тешко, но не е невозможно да се идентификува лицето кое стои зад злоупотребата преку интернет. Редовното следење на злоупотребата помага и во документирањето на дигиталните траги што биле оставени од сторителите. Со користење на овие индиции и со помош на пријатели, експерти за дигитална безбедност, истражувачки новинари и малку среќа, можно е да се идентификуваат лицата или групите кои ја прават злоупотребата. Имаме одличен пример за тоа од Латинска Америка (Центар за истражувачко новинарство), каде што соработката доведе до откритие дека група политичари се одговорни за нападите преку интернет на целиот континент.

Тактика Поддршка Притисок Иновативна стратегија