Инсталирање на софтвер од доверливи извори

Инсталирање на софтвер од доверливи извори

Во текот на работата, честопати сме во ситуација кога треба да завршиме одредена задача која бара да се инсталира дополнителен софтвер, како што се: разни конвертори на типови на датотеки, превземачи на видео, или уредувачи на мултимедијални датотеки. Тоа може да бидат додатоци за прелистувач, што исто така може да носат пропусти, или да имаат злонамерна природа. Во овие ситуации, треба да се одлучиме за софтвер од доверливи извори, кој е високо оценет во заедницата и што не е познат по компромитирање на безбедноста.