Најчесто присутен злонамерен софтвер

Најчесто присутен злонамерен софтвер

Најкласичен вид злонамерен софтвер е вирус, што се прикачува на постоечките датотеки преку нивна мала измена, со што го менува однесувањето на датотеката. Вирусите денес се многу ретки, но овој термин понекогаш се користи за да означи секаков вид на злонамерен софтвер. Црвот (worm) е злонамерен софтвер што автоматски се шири на други системи. Црвите сè уште постојат, но тие сега се поретки во споредба со минатото.

Тројанец (или тројански коњ) е злонамерен софтвер што се преправа дека е легитимна програма и на тој начин го обманува корисникот да ја инсталира или изврши. На пример, бесплатните пиратски (cracked) верзии од комерцијалните софтвери што се плаќаат, честопати содржат тројанци.