Команда и контрола
RAT (кратенка од тројанец за далечински пристап – Remove Access Trojan) е злонамерен софтвер што на својот оператор му дава пристап до системот. Замислете го RAT како еден вид на TeamViewer софтвер, со таа разлика што се користи за злонамерни цели. За овој вид на злонамерен софтвер се користи и терминот „задна врата“ (backdoor), иако истиот термин се користи и за далечински пристап кој е вграден во системот, било по грешка или тајно.
Превземачот (downloader), е злонамерен софтвер што врши превземање на друг злонамерен софтвер. Голем број од инфекциите со злонамерен софтвер се состојат од повеќе фази, при што секој злонамерен софтвер го превзема следниот злонамерен софтвер, додека последниот не ја заврши вистинската задача. Во овој случај, предноста за операторите на злонамерниот софтвер е во тоа што е поверојатно дека тој ќе остане скриен, а истовремено овозможува и превземање разни видови злонамерен софтвер на различни системи.
Конечно, збир од системи што се инфицирани со ист злонамерен софтвер, а се управувани од еден оператор се нарекува ботнет (botnet). Во тој случај, поединечните системи во ботнетот се нарекуваат ботови.