Напади со тројанци
Тројанците што навлегуваат во системот преку социјален инженеринг се први на листата кога станува збор за бројноста по видови напади. Корисниците обично ќе ја „закачат“ оваа инфекција на нејасни веб-страници каде несовесно го прифаќаат предупредувањето дека се „заразени“ и активираат лажен антивирус. На овој начин, секоја година се прават милиони хакерски напади, поради што тројанците се во многу поголема предност во однос на другите хакерски напади. Најдобра заштита од овој тип на напади е едукацијата и информирањето за современите форми на закани. Кога станува збор за организации, овој проблем донекаде се решава со филтрирање страници до кои може да се пристапи од компјутерот во локалната мрежа.