Критични точки во системот
Секоја платформа има неколку точки што се најчеста цел на напади. Доколку при развојот на страницата, програмерот на веб-страницата (web developer) обрне внимание на овие зони, тоа значително ќе ги намали ризиците за страницата и ќе овозможи непречен пристап до неа:
- Формулар за контакт, анкети и другите делови од веб-страницата каде што корисниците можат да внесат податоци, се места со најголем ризик, бидејќи овозможуваат директен пристап до системот. Ако не се неопходни за функционирањето на страницата, добро е да не се користат формулари за контакт, додека за анкетите може да се постави ограничување на еден запис по IP-адреса. Развивањето на интерактивниот однос со корисниците може да се направи преку посебен простор, што не е директно поврзан со веб-страницата;
- ● Базата на податоци е дел што отвора голем ризик за веб-станицата. Доколку постои ранливост на базата, таа може да се блокира со испраќање на нелогични и сложени барања до неа, што ги оневозможува читателите да пристапат до страницата. Решение за ова е строго да се потврдува секој запис (внес) во базата на податоци и да се спречат нелегитимните барања преку URL или на друг начин;
- Дополнителен ризик честопати може да претставува и софтвер од трети субјекти, што е инсталиран на платформата со цел таа да биде поинтересна. Тој софтвер обично е во форма на теми или објекти што ја подобруваат функционалноста и изгледот на страницата, но може да содржи и код, или безбедносен пропуст, што го загрозува интегритетот на страницата. Затоа е важно секогаш да се користи софтвер од доверливи извори, односно софтвер за кој постојат доволен број позитивни критики на интернет.