Безбедност за вашиот мобилен телефон
Ова се неколку совети за тоа како да овозможите безбедност за вашиот мобилен телефон:
- Заштита со лозинка: поставете силни лозинки за безбедност на уредот.
- Енкрипција на мобилниот уред: енкриптирајте го вашиот уред за да ги заштитите чувствителните податоци.
- Редовно правење резервна копија на податоците: рутински правете резервна копија на вашите податоци за да спречите губење во случај на безбедносни инциденти.
- Бидете внимателни со апликациите: преземајте апликации само од познати извори и прегледајте ги дозволите (permissions) пред да ги инсталирате, и уште еднаш пред да им ги дадете тие дозволи на апликациите.
- Редовни ажурирања на апликациите и оперативниот систем: ажурирајте ги вашите апликации и оперативниот систем за да ги коригирате безбедносните пропусти.
- Активирајте ја функцијата ‘Најди го мојот уред’ (Find My Device): овозможете ја функцијата ’Најди го мојот уред‘ за уредите со Android и за iPhone. Сепак, имајте предвид дека оваа мерка носи безбедносни ризици бидејќи потенцијално може да се искористи за следење. Препорачливо е внимателно да се процени дали оваа функција би била корисна.
- Одјавување од службени сметки: доколку е можно, одјавете се откако ќе завршите со користењето на службените сметки.
- Користете софтвер за управување со лозинки: со овој софтвер се овозможува безбедно управување со податоците за најава.
- Овозможете безбедност за важните датотеки/папки: заштитете ги клучните датотеки и папки со лозинки за дополнителна приватност.
- Употреба на VPN: размислете за користење на виртуелна приватна мрежа (VPN) со цел поголема онлајн-безбедност.
- Одјавување по направено плаќање: секогаш одјавувајте се од веб-локации или апликации откако ќе ги извршите плаќањата.
- Оневозможи Bluetooth кога не се користи: исклучете го Bluetooth кога не го користите за да ја сведете на минимум потенцијалната ранливост.
- Инсталирајте сигурен антивирус: користете реномирана антивирусна апликација за откривање и за спречување потенцијални закани.
- Apple ја овозможи имплементацијата на функцијата наречена Режим на заклучување (Lockdown Mode), кој оневозможува бројни функционалности, но се покажа како ефикасен во спречувањето напади предизвикани од напреден шпионски софтвер.