Напаѓачи на податоци (data attackers)

Напаѓачи на податоци (data attackers)

Злонамерниот софтвер може да направи огромен број активности. Некои од нив се многу деструктивни, како што се бришачите (wipers), што ги бришат сите датотеки на системот или мрежата, или ‘рансомвер’, софтверот што ги шифрира датотеките и честопати бара голем износ на пари (откуп) за да ги дешифрира. Бришачите често се користат за политички цели, додека рансомвер софтверот е многу профитабилна операција за сајбер-криминалците.