Лоши безбедносни практики

Лоши безбедносни практики

Навиките тешко се менуваат, но треба да се потрудите да ги избегнете следните лоши безбедносни практики:

  • Никогаш не испраќајте лозинки, лични податоци, ниту финансиски информации преку е-пошта во вид на обичен текст;
  • Не пристапувајте до мрежи, или до други системи за кои немате овластување и покрај тоа што некако сте добиле одредени податоци со кои можете да се најавите (корисничко име, лозинка). Ова не значи дека ви е дадено овластување да ги користите;
  • Не инсталирајте сомнителни додатоци и софтверски ажурирања;
  • Внимавајте на сомнителните линкови што сте ги добиле преку е-пошта, без разлика колку е интересна пораката. Подобро е да се биде безбеден отколку подоцна да се зажали;
  • Избегнувајте користење јавни или незаштитени компјутери;
  • Избегнувајте користење мобилни уреди од други луѓе;
  • Не пишувајте ги вашите лозинки на јавно достапно самолепливо ливче за потсетување. Аман, сериозно, немојте!
  • Не користете како лозинки имиња или датуми на раѓање на блиски лица;
  • Не оставајте ги вашите уреди отклучени и без надзор;
  • Не игнорирајте ги сомнителните активности – понекогаш е добро да се биде параноичен;
  • Не користете пиратски софтвер, или софтверски пакети со вградено безбедно заобиколување на регистрација на производот. Ако не сакате да плаќате за софтвер, побарајте бесплатен софтвер или софтвер со отворен код;
  • Не живејте само во вашата комфорна зона. Понекогаш вреди да се вложи малку време и труд за да се научат основите за тоа како да се биде безбеден на интернет.